Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ДОДЕЛЕНИ 56 СТИПЕНДИИ НА НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА

Денес градоначалникот Дарко Костовски додели 56 стипендии на најуспешните ученици од општинските основни училишта.

Локалната самоуправа четврта година по ред доделува стипендии на талентираните ученици.

Денес беа доделени стипендии на 11 првенци на генерација на три наставни јазици (македонски, албански и турски) во износ од 12.000 денари. Исто така, беа доделени стипендии на ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение на три наставни јазици (македонски, албански и турски) во износ од 6.000 денари.

Општина Бутел инвестира во образованието како никогаш досега. Образованието е еден од важните фактори кои ја формираат личноста и кој има огромно влијае врз понатамошниот развој на секое дете, обезбедувајќи сигурна иднина на новите генерации.

Доделувањето на стипендиите е уште еден чекор за поддршка на учениците и најголема потврда за нивната посветеност, труд и напорна работа во текот на целата година.

Previous МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.