“Почитувани граѓани на Општина Бутел,
Ми претставува чест да ве поканам на првата вечер од музичко забавен хепенинг кој ќе се организира во нашата општина наредните два дена.
Поточно 13 јуни со почеток од 19 часот ве поканувам на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар “Македонија” (кај Олимпија, Радишани) каде што ќе имаме можност да се забавуваме со најголемите македонски музички изведувачи.
Влатко Миладиновски, Сузана Спасовска, Јована Богдановска, Јанко и КУД Плетеница ќе се погрижат за незаборавна забава во нашата општина!
Се гледаме!” – градоначалник Дарко Костовски.
