Општина Бутел продолжува со акција за косење, чистење и уредување на општината.
Нараснатите тревни површини се косат во населените места, училишните дворови, детските и спортските игралишта и парковите.
Се косат и се уредуваат сите тревни површини и исто така се кастрат дрвјата во целата општина.
Акцијата за косење и кастрење на дрвата ќе продолжи и во наредниот период со цел граѓаните да можат безбедно да ги користат зелените површини и парковите.










