Започна меѓународната ликовна колонија која се одржува по 15 пат во Љубанци.
На ликовната колонија “Љубанци 2025” учестуваат 20 ликовни уметници од Република Македонија но и од соседните земји, Република Бугарија и Република Србија.
Ликовната колонија трае 7 дена и беше збогатена и со 30 ученици од основните училишта кои сликаа заедно со уметниците.
Оваа година сликите кои ќе бидат насликани ќе бидат донирани од страна на општина Бутел.
Ликовната колонија “Љубанци 2025” е целосно поддржана од општина Бутел.
Локалната самоуправа ја продолжува традицијата и инвестира во културата и културните настани со што се збогатуваат културните содржини во општината.









