Овој викенд општина Бутел беше домаќин на голем број моторџии кој беа дел од првиот мото собор кој се одржа на паркот “Олимписки сон”.
Одлична забава, многу мото игри, супер музика и вкусна храна беа заштитен знак на овој мото собир.
Општина Бутел беше генерален спонзор и главен поддржувач на првиот мото собир.
Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки до мото клуб “Црни” од Радишани за одличнната организација.








