За многу години празникот Св. Наум Охридски.
Свечена Архијерејска Литургија во најубавиот манастир “Св. Наум Охридски – Чудотворец” во Радишани со која чиноначaлствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и митрополитот Дебарско – кичевски Георгиј.
Градоначалникот Дарко Костовски го прослави овој празник заедно со голем број на верници.
Нека овој голем христијански празник биде исполнет со здравје, среќа, мир и бериќет во секој дом и секое семејство.










