Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ДЕН ЗА ИСТОРИЈА – ЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН ЌЕ ДОБИЈАТ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

“Почитувани граѓани на општина Бутел,

Денес на барање на општина Бутел, Владата на Република Македонија обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод.

Благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски за големата поддршка кои ни ја дадоа за реализација на овој исклучително значаен проект.

Благодарност и до жителите на селата Љубанци и Љуботен кои ни даваат голема поддршка и ја видоа нашата искрена заложба за овој проект конечно да се реализира.

Општина Бутел во изминатиот период работеше на комплетна проектна документација за која издвои 4.000.000 денари.” – градоначалник Дарко Костовски.

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОЖАРНИКАРИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.