Овој празничен викенд општина Бутел беше во центарот на баскет 3х3 турнирите.
Уште еден 3х3 баскет турнир успешно се организираше во општината.
Два дена исполнети со многу забава, дружење но пред се врвна кошарка со едни од најдобрите екипи од Република Македонија.
Кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога во ООУ “Св. Климент Охридски” беше домаќин на овој турнир.
Финалето заврши со спектакуларен натпревар помеѓу екипите на “Еуро Едил” и “Бутел Јуниор”.
Првото место го освои клубот “Бутел Јуниор”, второто место “Еуро Едил” и третото место клубот “Бутел 3х3”.
Општина Бутел секогаш ќе биде главен поддржувач и генерален покровител на спортски настани.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до целиот тим од КК “Бутел” и Тино за вложениот напор и труд за организација на турнирот.

















