Првиот училишен ден е денот кога првачињата го паметат и го поминуваат низ забава.
И оваа година сите првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година.
Покрај тоа, сите првачиња во општинските основни училишта ќе добијат униформи.
Овој училишен пакет има за цел на родителите да им овозможи финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 9000 денари.
Заедно со високо квалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка.
Четврта година по ред општина Бутел обезбедува ранец и училишен прибор за секое прваче во општинските основни училишта, а од минатата година и училишни униформи.