Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Градоначалникот Дарко Костовски е силен партнер на граѓаните и ги решава нивните проблеми.
Најголема награда за градоначалникот е задоволството на граѓаните и поддршката која тие му ја пружаат.
Со овој проект надминат е уште еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од улица “Рудо”.
Целосно е завршен овој значаен проект во населбата Бутел кој го реши проблемот со атмосферските води. Ова е уште еден проект кој беше неопходно да се реализира а жителите на оваа улица го чекаа долги години.
Изградбата на нова линија на атмосферска канализација која ќе ги собира дождовните води е во должина од 400 метри.
Поради недостатокот на атмосферска канализација во минатото при врнежи од дожд, граѓаните се соочуваа со проблем, но со реализацијата на овој проект тој проблем се надминува.
Општина Бутел ќе продолжи да се гради како модерно и урбано место за живеење.






