Поставен е нов ламинат во просториите на општинското основно училиште “Лиман Каба”.
Во изминатите години се направи нова фасада. Исто така, се уреди и дворот за првпат по 30 години, се поставија нови врати и целосно се реконструираа тоалетите.
ООУ “Лиман Каба” е едно од првите општински училишта кои добија кабинет по информатика и интерактивни табли.
Општина Бутел вложува во образовниот процес и во подобрување на условите на учениците и наставниот кадар.





