Денес започна целосната реконструкција и саниција на 20 улици во руралните делови.
Општина Бутел ги реконструира улиците во Љубанци кои ќе бидат асфалтирани по машинското гребење и поставување на нов тампон.
Градежната офанзива се одвива со силна динамика.
Локалната самоуправа продолжува во останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.







