Градоначалникот Дарко Костовски заедно со премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и пратеникот Бојан Стојаноски ја проследија завршницата на Меморијалниот турнир во чест на загинатите бранители во Љубанци.
Најубавиот турнир во мал фудбал во Македонија.
Цел месец на фудбалско игралиште со вештачка трева се играше одличен фудбал со рекорден број на екипи и рекордна посетеност.
Градоначалникот упати честитки за победниците “Крис Мобил” од Лесковац кој се овогодишни освојувачи на Mеморијалниот турнир. Исто така, упати честитки и за екипата на општина Бутел која беше достоен противник и го освои второто место. Екипата на “Манто-Марјанчо” заврши на третото место.
Општина Бутел како генерален покровител обезбеди рекорден награден фонд од 730.000 денари.
Локалната самоуправа ќе ја продолжи оваа традиција и ќе биде главен поддржувач на спортски манифестации.
Спортскиот дух владее во сите населени места.
Спортска општина Бутел.




















