Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски извршија увид во градежните активности на новата полициска станица.
Привремениот објект на полициската станица се наоѓа во поранешниот дом за деца без родители.
Општина Бутел е целосно вклучена во реализација на овој проект. Холтикултурно ќе се уреди целиот простор.
Овој објект ќе значи ново пристојно и достоинствено место за работа на македонската полиција.
Постоечкиот објект наскоро ќе биде срушен, а граѓаните на општина Бутел ќе добијат ново урбано место.





