Општина Бутел ќе изгради два нови мостови во вредност од 24 милиони денари.
Постоечкиот мост изграден со импровизиран конструктивен систем, од челична конструкција без адекватна заштита, со сериозни оштетувања, без потребниот носив капацитет за корисно натоварување од лесно моторно возило, ќе се замени со греден армирано-бетонски мост преку едно поле. Распонот што се совладува е 12,5 м. Интегрирањето на распонската конструкција се врши со изведба на монолитна рамна АБ плоча над носачите со константна дебелина од 20см. Потпирањето на конструкцијата се врши преку крајни столбови. На мостот ќе биде вградена челична пешачка ограда со квалитет S235.
Ширината на мостот од 4,9 метри ќе овозможи сообраќајот да се одвива во двете насоки истовремено.