Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЦ “МАКЕДОНИЈА”

Општина Бутел започна со изградба на ново детско игралиште на површина од 400 м2 во спортско-рекреативниот центар “Македонија”.

Покрај изградба на ново детско игралиште ќе се реконструираат и променат реквизитите на останатите спортски игралишта.

Она што беше запуштено место со руинирани игралишта, денес е место каде што секојдневно можат да се видат голем број на деца и родители како се рекреираат.

Спортско-рекреативниот центар се протега на површина од 6.000 м2 и беше прв центар изграден во општина Бутел.

Локалната самоуправа во овој дел на Радишани изгради ново речно корито на Серава, нова пешачка патека, ново фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, ново кошаркарско игралиште со специјална подлога, ново детско игралиште со мека подлога за најмалите, нова фитнес зона, нов парк и нови зелени површини и нов паркинг.

Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат.

Previous ДО ДОЦНА НАВЕЧЕР БЕШЕ ИСЧИСТЕНА ГОЛЕМАТА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ПРЕДЕЛОТ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.