“Дозволете најнапред да Ви се заблагодарам на Вас граѓаните на општина Бутел кои во изминативе 4 години, несебично и безрезервно ме поддржувавте, благодарам за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика.
Свесен сум дека не направивме сѐ, но исто така сум свесен дека поставуваме нови стандарди како се управува општината и како се реализираат капитални проектите кои се ветувани со децении наназад. Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме. Нашите проекти се големи, а нашите цели достижни. Ќе градиме и создаваме уште повеќе.
Имаме кандидати за советници кои се почитувани во своите населени места но и докажани професионалци. Тим кој со сигурност ќе донесе многу нови проекти за општина Бутел и во наредниот период. Носител на оваа победничка листа е д-р Никола Божиновски.
Сега има разлика, но за 4 години општина Бутел ќе биде најубавата општина во градот Скопје. Мојата 8-годишна визија е плод на љубов, работа и искреност. Овие 4 години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел. Изминаа 4 години на кои сум особено горд, 4 годни во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна општина Бутел. Но, тука не застануваме. И наредните 4 години ќе бидат исполнете со уште повеќе работа. Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани. Продолжуваме со уште посилно темпо. За модерна, урбана и европска Општина Бутел.” – градоначалник Дарко Костовски.





















