Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ГОЛЕМА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО СКОПЈЕ-СЕВЕРОПШТИНА БУТЕЛ ВЛОЖИ 65 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Општина Бутел вложи 65.000.000 денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север.

Локалната самоуправа започна со целосна реконструкција на улицата “Боро Менков”. Реконструкцијата ќе ги опфати тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи. Во одреден дел на улицата општината ќе обезбеди и нови паркинг места. Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север.

Ќе се реконструира и улицата “Костурска” заедно со двата големи паркинг простори и пристапни патеки. Исто така, за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење.

Исто така, локалната самоуправа ќе изврши реконструкција на 40 пристапни патеки до зградите. Со оваа реконструкција ќе бидат опфатени зградите на улиците “Боро Менков”, “Костурска”, “Лазо Москов”, “Гоце Стојчевски”.

Покрај овие активности, општина Бутел изгради нови паркови и постави нова урбана опрема во неколку делови на населеното место Скопје Север.

Previous ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 6 КЛУЧНИ УЛИЦИ ВО ВИЗБЕГОВО

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.