Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

“ОД НЕБИДНИНА ДО ДИГИТАЛНА ИДНИНА”

Денес беше одбележан патрониот празник на ООУ “Ацо Шопов”.

“Млад сум а душата ми е остарена од љубовта моја неостварена, љубовта Македонија” е една од најпознатите мисли на Ацо Шопов.

Присуството на голем број професори, спортисти, доктори, музичари е само една потврда дека ова општинско училиште е меѓу најдобрите основни училишта во Република Македонија.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до директорката и наставничкиот персонал, кои секогаш се стремат да образуваат, воспитуваат и градат личности кои ќе бидат истакнати и горди граѓани.

Брилијантните дела на Ацо Шопов денес се наоѓаат во сите универзитетски и другите големи библиотеки ширум државата но и светот. Оттука, со гордост можеме да кажеме дека неговиот придонес за истакнувањето на македонската песна е безвременски.

Градоначалникот изрази благодарност и до семејството Шопов, кои секогаш се силна поддршка на ООУ “Ацо Шопов”.

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ПЕНЗИОНЕРИ СО МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.