Еден од приоритетите е решавањето на проблемот со бездомните кучиња.
Проблем кој бара конкретни и координирани активности и мерки.
Денес Градоначалникот Дарко Костовски оствари средба со директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, на која се разговарање за решавање на овој проблем.
Беше договорено поинтензивно заловување, собирање и хуман третман на бездомните кучиња на јавните површини.
Сето ова е со цел да се обезбеди поголема безбедност за сите граѓани.
Граѓаните можат да соработуваат и да пријавуваат локации на бездомни кучиња на info@lajka.com.mk





