“Денес одбележуваме 123 година од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев во нашето општинско училиште Гоце Делчев. Ликот и делото на Гоце Делчев и неговиот допринос за слободата и независноста на македонскиот народ остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на Македонците. Да се родиш, а никогаш да не умреш, тоа е одлика на големите луѓе кои во текот на својот живот успеале да остават траги со своето делување, траги врз кои почива нивното безвременско дело кои ги прави бесмртни ликови. Таков бесмртен лик на тлото по кое чекориме е столбот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Да бидеме достоинствени наследници на Војводата. Нека е вечен патрониот празник” – Градоначалник Дарко Костовски










