Денес беше спроведена голема акција за чистење и уредување на голем број локации во општината.
Градоначалникот Дарко Костовски заедно со учениците од општинските основни училишта, децата од градинките, како и граѓаните на општина Бутел се приклучија на оваа голема еко акција.
Собран е одпадот од сите училишни дворови, јавни површини и местата каде што се собираат најмладите.
Изминатите денови во склоп на оваа акција беа исчистени и училиштата од насобраниот кабаст отпад кој се собирал со години.













