Денес беше одбележан патрониот празник на општинското училиште “Визбегово”.
Втора година по ред се одбележува патрониот празник под мотото “Мали ученици – големи соништа”.
На еден посебен начин учениците заедно со наставниците го одбележаа овој патронат.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до директорот Кадри Елези и наставниот кадар кои работат одлично и го развиваат училиштето.
Општина Бутел вложи 106 милиони денари за ова ново училиште.










