Денес беше одбележан патрониот празник на општинско училиште ,,Живко Брајковски” под мотото „Со зборот растеме, со јазикот постоиме“.
Ден исполнет со радост, успеси и заедништво. Во текот на учебната година, учениците и наставниците активно работеа на бројни проекти, покажувајќи креативност, знаење и тимска работа.
Преку различни активности, работилници и иницијативи училиштето уште еднаш потврди дека е место каде се негуваат вистинските вредности и таленти.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до наставниците кои се столбот на училиштето. Тие се оние кои со љубов кон својата професија, со труд и со посветеност, секојдневно ги водат учениците по патот на знаењето. Нивниот ангажман не се мери само со часовите одржани пред табла, туку и со безбројни моменти со кои инспирираат, поддржуваат и мотивираат.













