“Денес е посебен ден. Одбележуваме 70 години постоење на нашата Градинка “11 Октомври” – 70 години исполнети со детски чекори, прегратки, први другарства и безброј убави приказни.“Во светот на бајките” е свет исполнет со детска насмевка, искрена љубов, игра, фантазија и соништа. Напорно работиме секое дете да расте безгрижно, весело и исполнето со љубов, а нашата визија е да создадеме сигурна и безбедна средина каде што децата ќе учат, ќе сонуваат и ќе се развиваат преку игра и другарство.
Горд сум што имаме голем број на инвестиции, што изминатиот период макотрпно работевме на подобрување на условите на нашите најмили. Посебно ме радува што наскоро ќе ги отвориме вратите на двата нови објекти. Објектот “Бутел 2” и на објектот “Свети Климент Охридски”. Но не застануваме тука. Со градежни активности ќе започнеме и многу брзо ќе се изгради и нова детска градинка во Визбегово, а работиме на подготовка на документација и за нова градинка во Радишани.
Благодарност на сите вработени, на родителите за довербата, како и на нашите најмали за одличната претстава. Кога вложуваме во нашите деца, вложуваме во нашата иднина – вложуваме во општина Бутел!За многу години јубилејот”-градоначалник Дарко Костовски.





















