Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

“Почитувани граѓани на општина Бутел, во тек е уште едно лето, а тоа значи голема градежна офанзива во општина Бутел, со многу нови проекти за граѓаните и реализирање на ветувањата. Ова градежно лето е со голем интензитет и голема динамика а тоа значи и реализација на голем број проекти. Проектот кој ќе го одбележи ова градежно лето ќе биде новата поликлиника која започнува наскоро со изградба. Инвестираме и градиме современи услови за нашите најмали – нова детска градинка во Бутел 2 и во Бутел 1 во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”. Започнуваме и со нова градинка во Визбегово. Со одлична динамика напредува и изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен. Реконстуираме и асфалтираме голем број на улици и вложуваме 150.000.000 денари. Еднаков рамномерен развој во сите населени места. Се реконструираа голем број на значајни сообраќајници со што се подобрува патната инфраструктура. Ги реконструиравме улиците “Боро Кралевски”, улица 21, улица 2, улица 1558, “Натанаил Кучевишки”, “Боро Менков”, “Ангел Мојсовски”, “Љубинка Басотова” и “Александар Грличков”. Наскоро започнуваме со реконструкција и на “Марко Крале”, “Костурска” со двата големи паркинг простори,  краци на улица “Бетовенова” и крак на улица “Боро Менов” со паркинг простор. Се уредува речното корито на река Серава во населбата Бутел со нова пешачка патека и урбана опрема. Изградбата на затворен базен во дворот на ООУ “Ацо Шопов” се гради со силна динамика. Новиот парк на булевар “Христијан Тодоровски-Карпош” е во завршна фаза. Во тек е изградба на два моста на река Серава. Инвестираме и во нови спортско-рекреативни центри- во населба Радишани и во Кучевачка Бара. Во текот на летото ќе започнеме и со изградба на нов спортско-рекреативен центар на улица “Бетовенова”. Образованието е наш приоритет и продолжуваме со големи инвестиции: надградба на ООУ “Ацо Шопов”, нови фасади на општинските основни училишта “Св. Климент Охридски” и “Петар Здравковски-Пенко”, реконструкција на спортската сала во “ООУ “Панајот Гиновски”. Наскоро започнуваме и со нова доградба на ООУ “Панајот Гиновски”. Целосна реконструкција на 60 пристапни патеки до станбените згради во населеното место Скопје Север. Ова се дел од проектите кои го одбележуваат ова градежно лето. Општина Бутел се менува. Општина Бутел расте и се развива во урбана, модерна општина.
Ветувањата кон граѓаните се реализираат.”-градоначалник Дарко Костовски.

Previous ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ Е НА ТЕРЕН

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.