Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА “БУТЕЛСКА” И “РАДИШАНСКА” ОД ПОДВОЗНИКОТ ДО ТРЕТ ВЛЕЗ РАДИШАНИ

Ветувањето на градоначалникот Дарко Костовски, денес се претвора во дело. Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ – проект кој со години беше едно од најголемите барања на жителите на Бутел.

Со оваа инвестиција конечно се решава долгогодишен инфраструктурен проблем и се создаваат побезбедни и поквалитетни услови за живот.

Во рамки на проектот ќе се реконструираат повеќе од 2,2 километри улици, ќе се изгради нов асфалтен коловоз, ќе се обноват речиси 4 километри тротоари, а ќе се изгради и нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, со што трајно ќе се реши проблемот со одведувањето на атмосферските води и ќе се намали ризикот од поплави.

Ова не е само реконструкција на две улици. Ова е инвестиција во безбедноста, во подобрата инфраструктура и во иднината на Бутел.

Градоначалникот изрази благодарност на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за поддршката и партнерскиот однос, како и на Владата за обезбедените средства.

Кога институциите работат заедно, резултатите се видливи и граѓаните добиваат проекти што со години ги очекувале.

Исто така, привршува и изградбата на новиот мега-парк во Бутел – уште еден капитален проект што ќе го промени ликот на општината.

Previous 250 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.