Децениските очекувања се реализираат. Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.
Денес, за првпат се асфалтирани краците на улица “Бетовенова”, со што целосно е завршена реконструкцијата на улицата.
Претходно, главната улицата беше целосно реконструирана во должина од 400 метри.
Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.
Наскоро, ќе започне и изградбата на новиот спортско-рекреативен центар.












