За почиста, поуредна и поздрава општина Бутел.
Денес вработените во општина Бутел заедно со учениците и работниците се приклучија на големата еколошка акција на Град Скопје, со која се уредуваат јавните површини, се отстранува отпадот и создава почиста и поубава животна средина.
Локалната самоуправа продолжува да презема активности за заштита на животната средина, затоа што чиста и уредена општина Бутел е заедничка одговорност.









