Градоначаникот Дарко Костовски изрази благодарност до бутелчани за прекрасната прва народна вечер.
Убав, весел, распеан народ кој се забавуваше во песните на вечерашните изведувачи.
Влатко Миладиновски, Сузана Спасовска, Јована Богдановска, Јанко и КУД “Плетеница” се погрижија за незаборавна забава во општина Бутел.
Утрешниот ден ќе биде исполнет со забавна програма на која ќе настапат Врчак, Пајак, Таско, Куку Леле, Мелани и Марија.
19:00 часот СРЦ “Македонија” (кај Олимпија-Радишани).



























