Општина Бутел објави Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во износ од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија.
Јавниот повик е отворен од 19.06.2025 до 03.07.2025 година.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.
Право на финансиска поддршка ќе остварат граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на општина Бутел, приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 18.192 денари.
Исплатата ќе се изврши на принцип “прв дојден – прв услужен”.
Општина Бутел продолжува со грижата за најстарите граѓани.