“Почитувани пензионери,
Ве известуваме дека Јавниот повик за финансиска поддршка е продолжен до 13.07.2025 год.
Право на финансиска поддршка ќе остварат:
– Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на општина Бутел
– Приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 21.909 денари.
Јавниот повик е отворен од 19.06.2025 до 13.07.2025 година.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот.
Исплатата ќе се изврши на принцип “прв дојден – прв услужен”.
Продолжуваме со грижата за нашите најстари граѓани.” – градоначалник Дарко Костовски.