“Полицаец Дарко Стајковски и приправник Филип Стојчевски од ПС Бутел моментално се наоѓаат клиниката за Токсикологија и фала му на Господ двајцата се под надзор на лекарите и нивната здраствена состојба е одлична.
Полицајците од Бутел на клиниката се наоѓаат поради вдишување јаглерод моноксит при гасење на денешниот пожар!
Секоја чест момци!
Ќе се потрудам овој чин да биде забележан од страна на општината со наградување на сите кои учествуваа во гасење на овој високо заканувачки пожар.” – градоначалник Дарко Костовски.