Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВИ ДВА МОСТОВИ ВО РАДИШАНИОПШТИНА БУТЕЛ ИСПОЛНУВА ДЕЦЕНИСКО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Општина Бутел ќе изгради два нови мостови во вредност од 24 милиони денари.

Постоечкиот мост изграден со импровизиран конструктивен систем, од челична конструкција без адекватна заштита, со сериозни оштетувања, без потребниот носив капацитет за корисно натоварување од лесно моторно возило, ќе се замени со греден армирано-бетонски мост преку едно поле. Распонот што се совладува е 12,5 м. Интегрирањето на распонската конструкција се врши со изведба на монолитна рамна АБ плоча над носачите со константна дебелина од 20см. Потпирањето на конструкцијата се врши преку крајни столбови. На мостот ќе биде вградена челична пешачка ограда со квалитет S235.

Ширината на мостот од 4,9 метри ќе овозможи сообраќајот да се одвива во двете насоки истовремено.

Previous ИНТЕЗИВНО СЕ РАБОТИ НА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НОВИОТ ОБЈЕКТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.