Децении ветуван, денес е реалност. Ново корито, трим патека, урбана и парковска содржина добива река Серава.
Општина Бутел денес го започна финалното чистење на реката, за некој ден ќе бидат поставени и клупи на трим патеката.
Наскоро ќе следи настан за свечено отварање на овој голем проек кој чини 70 милиони денари.
Градоначалникот Дарко Костовски најави дека во следниот мандат ќе продолжи уредувањето на Серава во другиот дел на општината.