ДАДЕНИОТ ЗБОР СЕ РЕАЛИЗИРА
Општина Бутел започнa со реконструкција на двете главни улици, дел од улица 1 и дел од улица 3.
Денес во Љуботен дадениот збор на градоначалникот Дарко Костовски кон сите граѓани започна да се реализира.
Општина Бутел реализира децениско барање, нема повеќе заборавени граѓани.
Улица 1 е главната улица која поминува покрај основното училиште и од 1998 година до ден денес воопшто не е реконструирана.
Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кои се опфатени во првата фаза, општината ќе продолжи со реконструкцуја и во наредните денови.
Локалната самоуправа наскоро ќе започне и со реконструкција на дел од улица 3.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што досега никогаш немало асфалт.
Градежнто офанзива се одвива со силна динамика.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.












