Денес во просториите на општина Бутел градоначалникот Дарко Костовски заедно со министерот Азир Алиу ја информираа македонската јавност дека се спроведува тендерската постапка за изградба на нова поликлиника.
Носител на овој мега-проект е општина Бутел, додека министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот.
Историски миг за граѓаните на општина Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега-проект.
Општина Бутел доби нова поликлиника која ќе овозможи подобри услови за здравствена заштита на сите граѓани.
На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги како што се ординации по општа медицина, педијатрија, гинекологија, интерна медицина и невропсихијатрија и ординација за физикална медицина. Дополнително ќе има и РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.
За граѓаните на општина Бутел ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош и ноќна служба.
Деталниот урбанистички план кој се донесе на 16.02.2024 година, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта.
Градоначалникот изјави дека изградбата на поликлиниката ќе започне наскоро и со цело срце го чека денот кога ќе се постави камен-темелник на новата поликлиника.








