Општина Бутел продолжува со чистење на сите места каде што е потребно.
На барање на граѓаните, иако не е под надлежност на општина Бутел исчистена е големата депонија на автобуската станица на јавниот градски превоз како и околните улици во близина на градските гробишта.
Ова е депонија која е создадена на јавна градска површина и Град Скопје не превземаше никакви активности за расчистување.
За ваквата алармантна состојба општина Бутел ќе побара одговорностр од надлежните институции, бидејќи граѓаните не може да бидат заложници на една личност.
Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина.