Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНА БУТЕЛ ПРОДОЛЖУВА СО СИЛНА ДИНАМИКА ДА ЈА ГРАДИ НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 2

На огромно задоволство на градоначалникот Дарко Костовски новата детска градинка во населеното место Бутел 2 го добива својот лик.

Денес градоначалникот изврши увид во градежните активности. Со одлична динамика напредува изградбата на новата градинка во Бутел 2.

Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години се сруши и на негово место се гради нова детска градинка.

Новиот објект се протега на површина од 1800 м2. Градинката ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Исто така, ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна.

Во новата градинка ќе бидат исполнети сите услови за згрижување на 200 деца.

Општина Бутел реализира капитален објект после долги години лажни ветувања. Ова е најголема инвестиција во населеното место Бутел 2.

Previous ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 2

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.