Потпорениот ѕид на улица 50 напредува со одлична динамика.
Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше небезбедно движење на граѓаните.
Со овој потпорен ѕид ќе се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.









