Денес општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место.
Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали. Градоначалникот е најсилен партнер на сите спортисти и спортски клубови и останува посветен на обезбедување финансиска поддршка на највисоко ниво.
















