Заедно со граѓаните на општина Бутел се креираме буџетот за 2026 година.
Големата сала во општина Бутел денес беше премала за големиот интерес на граѓаните кои земаа активно учество со своите предлози, идеи, решенија за модерна, стабилна и просперитетна општина Бутел.
Буџетот за 2026 година ќе биде токму од предлозите од граѓаните, за потребите на граѓаните. Оттаму, се што е реално остварливо и во рамки на финансиските можности и надлежности на општината, ќе биде интегрирано во буџетот за 2026 година.
Граѓаните бараат продолжување на силната динамика која е наметната во изминатите години, бараат нови асфалтирани улици, нови фекални и атмосферски канализации, нови спортско-рекреативни центри и подобрување на условите на живот.
Општина Бутел и во наредната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните.










