Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦИТЕ ВО БЕЛ КАМЕН

Ветувањето на градоначалниците Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски се реализира во краток временски период во населеното место Бел Камен.

Заедно со Град Скопје, ЈП “Водовод и Канализација” и градоначалникот на општина Чучер Сандево Зоран Бајовски,  општина Бутел започна активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од 610 метри.

Новата водоводна мрежа ќе обезбеди квалитетно водоснабдување и непречен проток на чиста вода за пиење до домаќинствата.

По поставување на новата водоводна мрежа ќе продолжи реконструкцијата на 4 улици.

Сите инфраструктурни зафати значат надминување на постоечките проблеми и подобри услови за граѓаните.

Previous ЧЕСТИТ ДЕН НА ИНТЕРВЕНТНА-АЛФА ЕДИНИЦА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.