Во пресрет на големите христијански празници општина Бутел организираше голема хуманитарна акција за најранливите категории на граѓани.
Денес беа поделени 300 хуманитарни пакети со основни прехрамбени продукти на најзагрозените социјални семејства на територија на општина Бутел.
Хуманоста значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.







