35-та седница на Советото на Општина Бутел се одржа он-лајн

Денешната 35-та седница на советото на Општина Бутел  ја одржуваме он-лајн, со цел почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19.

Како одговорна  општина  се прилагодуваме на настанатите услови со појавата на КОВИД-19 во нашата земја. Колку подисциплинирано сите заедно се придржуваме до мерките за претпазливост, толку побргу ќе ја надминеме сериозната закана од вирусот и ќе го вратиме нормалниот тек на нашето секојдневие.