Работно време: понеделник - петок 08:00 - 16:00 часот

MK

EN

ALB

НОВ ПЛОШТАД И НОВ ПАРК ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Во дворот на ООУ “Живко Брајковски” на местото на разрушениот и пропаднат објект ќе се изгради нов рекреативен центар, со нов плоштад, нов парк и детски содржини.

Новиот парк ќе се протега на површина од 2000 метри квадратни, а новиот плоштад на 500 метри квадратни. Новиот рекреативен комплекс ќе содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека којашто ќе го поврзува плоштадот со училиштето, зеленило и ново осветлување.

За првпат ќе се изгради и амфитеатар што ќе го користат граѓаните, но и сите ученици за разни манифестации.
Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1, коешто наскоро ќе се реализира.
Запуштениот, разрушен објект којшто ја нарушуваше безбедноста на граѓните, ќе замина во историја.

Уште едено ветување ќе биде реалност !

Општина Бутел се менува – ветувањата кон граѓаните се исполнуваат!

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.