Градоначалникот Дарко Костовски изрази револт од поривот на затекнатите граѓани кои оштетија нова детска градинка.
Две лица се затекнати на дело како со бонсек сечат нова ограда пред влезот на новата градинка во Бутел 1.
Се претпоставува дека станува збор за истите лица кои нанесоа голема штета на истата градинка пред извесен период.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
Градоначалникот упати благодарност до новиот командир на ПС, за брзата и ефикасна реакција.
Истовремено, градоначалникот упати апел да се чува тоа што се гради, општина Бутел се менува и да не се уништува тоа што треба да се остави на нашите деца.