Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора.

По разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, општина Бутел својата механизација ја стави на располагање и подготвена за делување.

Вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествуваа во гаснење и локализирање на пожарите.

Градоначалникот Дарко Костовски оствари телефонски разговор со претставници на општествено одговорни компании кои можат дел од својата градежна механизација да стават на располагање.

Previous УЛИЦИТЕ “СИМЧЕ НАСТЕВСКИ” И “КИРО ДИМУШКОВ” СЕ ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.