Во насока на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, односно за намалување на последиците од аерозагадувањето, преку обезбедување на прочистувачи на воздух ќе се намали загадувањето на воздухот во просториите на ЈОУДГ “11 ОКТОМВРИ”.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до Владата на Република Македонија која ги донира овие прочистувачи.
Чистиот воздух е заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите.Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница.
Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител “Mann+Hummel” ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најмладите жители, за дечињата во градинките.







