Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ВОДОВОД ЗА ЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН

Градоначалникот Дарко Костовски денес го потпиша одобрението за градба на водоводот за Љубанци и Љуботен.

Во текот на утрешниот ден министерството за транспорт ќе распише јавна набавка за избирање на изведувач.

Работните активности започнуваат наскоро.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека овој проект е еден од најдрагите проекти во неговиот мандат, поради основната потреба на жителите на овие две села, но и заради исклучителната сложеност на целиот процес.

Градоначалникот изрази благодарност до премиерот проф. Христијан Мицкоски за неизмернатa поддршка.

Истовремено, градоначалникот изрази благодарност и до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски за одличната соработка и поддршка.

Previous Д-Р НИКОЛА БОЖИНОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.